СДСМ: Мерката „Маалски полицаец“ ја зголемува безбедноста на граѓаните и ја враќа довербата во полицијата

Владата предводена од СДСМ, продолжува со остварување на предвидените мерки што беа дел од Планот за живот во Македонија и Програмата за работа на Владата, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Министерството за внатрешни работи започна со спроведувањето на мерката „Маалски полицаец“ односно активирање на позорната служба на полицијата.

Ова мерка ќе има исклучително значење во превентивното работење, зголемување на заштитата и безбедноста на граѓаните како и зајакнувањето на соработката помеѓу граѓаните и полицијата.

Со повторното активирање на полицајците позорникари ќе се зголеми безбедноста во населените места, ќе се зајакне борбата против криминалните појави во секое маало, со што ќе се зголеми и довербата во полицијата.



Маалскиот полицаец е вистински заштитник-пријател на граѓаните.

Проектот веќе се спроведува во Куманово, следува реализација во Битола и Штип, а ќе продолжи да се спроведува и во останатите градови во Република Македонија.

Во интерес на граѓаните, СДСМ преку Владата што ја предводи, останува посветена во спроведувањето на мерките што обезбедуваат слободни, професионални институции, квалитетен и безбеден живот за сите граѓани, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Претходна статија

Судењето за „Топлик“ одложено за 8 март

Следна статија

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Никола Димитров и Никос Коѕијас

Најново од Разно