СДСМ: Нудиме реално остварливи проекти за локален економски развој, нови работни места

/

СДСМ нуди реално остварливи проекти за локален економски развој, нови работни места и повисок животен стандард за сите. Програмите на нашите кандидати за градоначалници го содржат најдоброто за секоја општина, велат од СДСМ.

„Најдоброто за вашата општина ќе го најдете во нашите конкретни, реално остварливи проекти. За разлика од опозицијата која нуди нереални проекти без реални пресметки, ние даваме збор дека нашите проекти ќе бидат реалност до 2025 година, збор кој планираме да го одржиме, одговорно и домаќински, за да имаме уште поразвиени општини и држава. Владата предводена од СДСМ има слух за потребите на општините. Посветеноста на централната власт предводена од премиерот Зоран Заев продолжува да ја гарантира реализацијата на локалните проекти за сите општини“, нагласуваат од СДСМ.

Во периодот 2021-2025 фокусот како што додаваат од владејачката партија ќе биде ефикасноста, грижата за потребите на граѓаните и силната определба за создавање функционални општини способни да ги решаваат проблемите на граѓаните.



„СДСМ во изминатите четири години покажа дека работи, дека ниту една општина не остана запоставена и задолжена и дека локалните самоуправи останаа висок приоритет на Владата предводена од СДСМ. Продолжуваме да инвестираме во капитални проекти кои носат локален економски развој, нови работни места во општините и повисок животен стандард“, е напишано во соопштението од страна на СДСМ.

Извор: temite.mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: 4 недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе

Следна статија

(Видео) Каракачанов: ЕУ нема да има никаква корист од проширувањето со РС Македонија

Најново од Вести