СДСМ: Тоа е Мицкоски, навреди и пцовки, не е кадарен да води партија, ниту профил на Фејсбук

/

Екстремно ниското ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите, го одразува ниското ниво на кое веќе неколку години функционира Христијан Мицкоски.

Ако некому досега не му беше јасен човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски, деновиве може да му се разјасни преку неговиот Фејсбук профил.

На Мицкоски очигледно не му е доволно тоа што е потрчко и послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите на државата, поткопувањето на здравстениот систем, пироманските деструкции.

Не му е доволно ниту што релевантни европски истражувања го посочија како извор на лажни вести.

Политичкиот пироман Мицкоски продолжи жестоко и упорно да тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет.

Прашање е само од која плажа недолично пишува, навредува и псуе Мицкоски.



Толкму може Мицкоски, толкав му е капацитетот, тоа му е нивото.

Некој што не може да го издржи критиката, не е кадарен за каква било политичка функција, а камоли за позиција која подразбира носење одговорни одлуки.

Мицкоски не е кадарен да води партија, не е кадарен да води ниту профил на Фејсбук.

Претходна статија

Арсовски: Апетитите на нарко картелот Заеви се големи, сакаат по секоја цена со европско знаменце да се изгласа Законот за марихуана

Следна статија

(Видео) Георги Станков: Во борбата за црковна независност на луѓето од Македонија и Тракија има многу сличности

Најново од Вести

Без вода делови на Чаир

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека поради уличен дефект ф 300 мм на Бул. Македонско-косовска