СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ САДИСТИЧКА, ЗЛОУПОТРЕБУВА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ

Вести Истакнато Македонија

ВМРО-ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува дури и несреќен случај кој за чудо завршил без човечки жртви.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува ова садистичко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за земјоделство веќе ги демантирше лагите и конструкциите изнесени на порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот.

Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од минстерот и со тоа законски управувало со возилото, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

Второ, деталите за несреќата се објавени во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ дека не се.

Срамно, ниско и недозволиво е поигрување со човечки животи и злоупотреба на несреќен случај за политички манипулации со јавноста. Граѓаните го прочитаа ВМРО-ДПМНЕ одамна, а на вакавите конструкции и манипулации никој повеќе не верува.

ВМРO-ДПМНЕ е без политички компас, без ставови за клучните прашања за државата, без идеја, програма и визија.