СЕ БАРА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ОД ВЛАДАТА ЗА ТРОШЕЊЕТО НА ДОНИРАНИТЕ ПАРИ

/

Владата, Министерството за здравство и Секретаријатот за европски прашања на своите интернет страници немаат база на податоци од каде граѓаните ќе имаат увид колку пари досега се слеале на нивните наменски сметки за донации како помош за справување со корона вирусот, пренесува Канал 5.

Генералниот секретар Драги Рашковски во телефонски разговор вели дека тоа ќе го направат кога парите од донациите ќе се поделат на фирмите кои се најпогодени од пандемијата како дел од економските мерки на владата

Досега на жиро сметката на Владата се слеале 3 милиони денари, или повеќе од 48 илјади евра, пари од домашни донатори, вели Рашковски. Помошта во медицинска опрема оди дирекно во министерството за здравство преку координативното тело со кое управува Вицепремиерот Бујар Османи, објаснуваат од Владата за Канал 5.

На сметката за донации на министерството за здравство пак досега има 90 милиони денари или околу 1 милион 463 илјади евра. Министерот Филипче за Канал 5 вели дека со тие и со пари министерството ќе се опремуваат интензивните одделенија во државата. Според Филипче донацијата во медицинска опрема се дели по потреба.



Поголема транспарентност за донациите бараат од антикорупциската комисија, оттаму велат дека сеуште чекаат одговор од надлежните владини институции за количината и распределбата на донациите.

Претходна статија

ЧУЛЕВ ЗА 1 МАЈ: НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО ВЕЛЕС ЌЕ ДОБИЕ НОВ ДИРЕКТОР

Најново од Вести