| |

СЕ ЧЕКА ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД ПОЧЕТОК НА СЕДНИЦАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Парламентарното мнозинство се уште чека на последниот збор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако верзија од текстот на Одлуката за распишување на референдумот веќе е изготвена и поделена на партиите. Дел од медиумите објавија дека во тек е координација кај претседателот на Собранието, на која нема претставник од ВМРО-ДПМНЕ. Ако консензусот околу донесувањето на одлуката во Собранието не биде постигнат, постои можност опозицијата да го блокира објавувањето на референдумот кога собранискиот спикер ќе отвори дискусија по точката.

Би можело дискусијата околу прогласувањето на референдумот да започне по свечената заклетва на новоизбраните членови на ДИК во Собранието.

Во одлуката е содржано и референдумското прашање, истото што веќе го објави премиерот Заев: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Извор: AlsatM

Слични Објави