Се чини дека целта ги оправдува средствата, Филипче вели интересот за вакцинирање се зголемува

/

Вчера министерот Венко Филипче изјави дека целта на новите рестриктивни мерки е да се потикне поголема вакцинација кај населението. А, се чини дека целта ги оправдува средствата, па според новите информации, на вакциналните пунктови се зголемуваат редиците на граѓани кои сакаат да примат вакцина.

-Вчера вкупно се имунизирале 16.955 граѓани. Прва доза вчера примиле 11.925 граѓани.Вкупно се аплицирани 1.115.988 дози, а втора доза примиле 491.169 граѓани. Имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска имунизација. 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза. 66% од населението над 65 години имаат примено барем една доза. 62% од населението над 60 години имаат примено барем една доза. 53% од населението над 50 години имаат примено барем една доза. Дозите се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи. Само со комплетна имунизација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување, соопшти Филипче преку социјалните мрежи.



Претходна статија

Мицкоски со повик до Левица: За да ги поразиме СДСМ и ДУИ нека ни се придружат

Следна статија

Операцијата успешна, евакуирани и последните македонски граѓани од Авганистан

Најново од Вести