Сѐ уште е активен пожарот на депонијата „Дрисла“, густ чад се шири во околината
Пожарот кој вчера избувна во 15:15 часот на депонијата „Дрисла“ и денеска сè уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина.
Во гаснењето на огнената стихија ангажирани се седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
„Пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место,“ наведува ЦУК.

