|

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС НА КРУЗЕРОТ „ДАЈМОНД ПРИНЦЕС“

Уште 67 лица на крузерот „Дајмонд принцес“, вкотвен во близина на јапонското пристаниште Јокохама, се позитивни на новиот коронавирус, соопшти денеска јапонскиот министер за здравство, Кацунобу Като.

Со тоа бројот на заразени на бродот, на кој има околу 3.700 патници и членови на екипажот, се зголеми на 286 лица.

Стејт департментот соопшти дека ќе ги евакуира околу 380 Американци од крузерот „Дајмонд принцес“, откако ќе биде укинат карантинот на 19 февруари.

Слични Објави