СЕЛА: НЕ САКАМЕ ЕДНА ЗАЕДНИЦА ДА БИДЕ ОБВИНЕТА ДЕКА ВЛИЈАЕЛА ДА СЕ ИЗМЕНИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ДРУГА ЗАЕДНИЦА
За да бидеме коректни го предложивме тоа. Не е наше да одлучиме за идентитетот и јазикот на нашите сограѓани, затоа прашањето не треба да го опфати договорот, туку името на државата. Може да одлучиме за името сите заедно. Посакувам и верувам дека ова не треба и дека нема да биде меѓусебно обвинување меѓу политичките субјекти дека една заедница влијаела да се измени идентитетот на друга заедница – рече Села, во врска со предлогот на неговата партија во новите лични документи да биде наведено етничкото потекло на граѓаните.