Селска пилешка супа

/

Состојки:
– 400 гр. домашно пилешко месо
– 6-7 компири
– 1 морков
– 1 црвена пиперка
– 1 кромид
– 200 мл. доматен сос
– фиде
– сол
– мајчина душичка
– црн бибер
– 2 јајца
– 2 лажици кисело млеко
– магдонос

Подготовка:
Ставете го месото да се вари во посолена вода околу 1 час и 20 минути. Во меѓувреме во тенџере ставете ги компирите, морковот, кромидот и црвената пиперка сите исечени на многу ситни парчиња. Оставете го зеленчукот да се вари околу 30 минути. Додадете го доматниот сос.

Кога месото ќе се свари исчистете го од коските и ставете го во варениот зеленчук. Прецедете ја водата каде што се варело месото и додадете ја и неа во варениот зеленчук. Ставете сол, бибер, мајчината душичка (сува), магдонос и фиде. Оставете ја супата да проврие 5-7 минути или се додека фидето биде готово. Измешајте ги јајцата и киселото млеко. Кога ќе биде готова супата тргнете ја од огнот и со постојано мешање додадете ја смесата со јајца.



Добар апетит!

Претходна статија

10 причини поради кои ТАА би ставила крај на врската

Следна статија

Кои жени имаат најголема самодоверба според хороскопот

Најново од Магазин