Сер Винстон Черчил: Кога орлите се тивки, папагалите почнуваат да зборуваат…

Сер Винстон Леонард Спенсер-Черчил е британски политичар и државник, кој во 2002 година во програмата на BBC е прогласен за “Најголемиот од сите”. Тој се смета за еден од најистакнатите лидери во Британија и клучна фигура во Втората светска војна. Покрај политичката кариера, Винстон Черчил, е познат и како историчар, писател и талентиран уметник. Тој е награден со Нобелова награда за литература и е првиот странец избран за почесен граѓанин на САД.

Вчера, се навршија 53-години од неговата смрт, и поради таа причина одбравме некои од неговите најинтересни мисли. Еве како размислувал еден од најголемите државници на минатиот век.

“Не се задоволувај да бидеш чад, кога можеш да бидеш оган”.

“Успехот е способност да премине од еден неуспех во друг без да ја изгубиш желбата”.

“Храброста со право се смета за прв меѓу останатите човечки квалитети, бидејќи тоа е квалитетот што ги гарантира сите други”.

“Поразот е еден, а срамот е сосема друга работа”.

“Паметниот човек не ги прави сите грешки сам; тој им дава шанса и на другите “.

“Балканот произведува повеќе историја отколку што може да поднесе”.

“Вродениот дефект на капитализмот е неправедната распределба на богатството. Вродената доблест на социјализмот е еднаква распределба на бедноста. ”

“Комунизмот е како сон. Порано или подоцна се будиш и се враќаш во реалноста. ”

“Всушност, демократијата е најлошата форма на владеење, но уште никој не измислил подобра”.

“Луѓето често се сопнуваат во вистината, но потоа тие стануваат и одат брзо, како ништо да не се случило”.

“Тоа ќе остане во историјата. Сигурен сум, бидејќи јас самиот ќе го запишам таму. ”

“Ми се допаѓаат свињите. Кучињата ни се восхитуваат. Мачките се арогантни со нас. Само свињите нè третираат како еднакви со нас “.

“Кога орлите се тивки, папагалите почнуваат да зборуваат.”