СЕВЕРНА И ЈУЖНА КОРЕЈА РАЗМЕНИЛЕ ОГАН ВО ГРАНИЧНОТО ПОДРАЧЈЕ

//

Северна и Јужна Кореја разменија оган рано утрово во близина на караулата на Јужна Кореја, зголемувајќи ги тензиите , по еден ден откако водачот на Северна Кореја Ким Џонг-ун се појави во јавноста по скоро тринеделно отсуство.

Повеќе истрели биле истрелани од Северна Кореја во 7,41 часот по локално време според стражарска станица во Јужна Кореја, се вели во соопштението на командантот на јужните сили, пренесува Ројтерс.

Јужна Кореја одговори со истрела на два пати кон Северна Кореја, но нема повредени.

По неколку недели интензивни шпекулации за здравјето на Ким и каде се наоѓа, државните медиуми вчера објавија фотографии и извештаи дека тој присуствувал на отворањето на фабрика за ѓубрива. Тоа беше првиот извештај за негов настап во јавноста од 11 април.





Претходна статија

СДСМ ЗА ИЗБОРИ НАЈБРЗО ШТО МОЖЕ, ВМРО ДПМНЕ ПРОТИВ

Следна статија

ОХРИЃАНЕЦ ИЗБОДЕН СО НОЖ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ НАПАЃАЧОТ

Најново од Вести