ШЕЕСЕТТИ ЈУБИЛЕЈ НА ДАФ ВО КОЧАНИ

Во јубилејната шеесетта година од постоењето, започнува 56 издание на Драмскиот аматерски фестивл ДАФ. На првиот фестивалски ден публиката ќе може да ги прследи двете професионални претстави, „Човекот“ пантомима на Трајче Ѓеоргиев, актер од МНТ, и хит претставата „Вардарски Пастуви“ во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Театар Комедија.

Во следните фестивалски денови на програмата се претстави што ќе се борат за награди: „Театар Чекори“ од Скопје со претставата „Ние“, АТ „Колектив ветерница“ од Скопје со „Робоград“, гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид со „Странци“, аматерскиот театар „Репетициона 04“ од Штип со „Недоразбирање“, театар „Дунек“ од Гостивар со „Бенг бенг и мртов си“.

Фестивалските кулиси на јубилејното шеесетто издание на ДАФ ќе бидат спуштени на 1 јуни.