ШЕФОТ НА СЗО: НАШ ТИМ ВЕЌЕ Е ВО КИНА ЗА ПОМОГНЕ ВО ИСТРАГАТА ЗА КОРОНАВИРУСОТ

/

Медицински експертски тим на Светската здравствена организација (СЗО) пристигна денеска во Кина за да помогне во истрагата поврзана со епидемијата на коронавирусот, изјави во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Шефот на СЗО истакна уште дека биле потребни речиси две недели кинеската Влада да дозволи пристигнување на експертскиот тим, кој има меѓу 10 и 15 членови.



Тој нагласи дека во Кина се регистрирани 40.235 случаи на заразени од коронавирусот и 909 починати, како и 319 заболени во 24 земји во светот, вклучувајќи и еден смртен случај.



Претходна статија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА И ДУИ ДЕМАНТИРААТ ДЕКА ДЕСКОСКА И ЏАФЕРИ ГО „ЧЕШЛААТ“ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЈО

Следна статија

ЗАКОНОТ ЗА ЈО И ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТ НА ЈО ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

Најново од Вести