| |

ШЕКЕРИНСКА ГИ ПОВИКА ИДНИТЕ ПИЛОТИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА КОНКУРСОТ

Министерката на одбрана ги повика сите заинтересирани да се пријават на конкурсот за воени пилоти што го распиша министерството. Таа ги охрабрува идните пилоти дека ова е една од највозбудливите професии и оти е зголемен износот за обуката.

Започнете го вашиот пат во една од највозбудливите професии! Отворен е конкурсот за обука за воени пилоти. Меѓу другите погодности, го зголемивме износот на месечниот надомест во време на обуката, и тоа од 4.000 на 25.000 денари-напиша министерката на „Твитер“.



Слични Објави