Шилегов: Скопје до 2024 без метеж во сообраќајот

/

Сообраќајот во Скопје до 2024 ќе доживее целосна трансформација. Мастерпланот кој содржи повеќе крупни сообраќајни решенија на неколку локации, а вчера го презентираше градоначалникот Петре Шилегов, од корен ќе ги променат, како што велат од таму, начинот и брзина на кои скопјани ќе патуваат низ главниот град.

Според најавите на Шилегов, со отворање на двете нови артерии, едното преку тунелите под Лимак кои овозможуваат брзо движење од Кисела Вода до Карпош, а другото во Аеродром преку новиот мост на булевар АСНОМ, сообраќајот по должина на Скопје целосно се пренасочува и го заобиколува центарот. Глетките на долги колони заглавени по централните раскрсници и семафори ќе станат минато. Скопјани ќе се движат многу побрзо и тоа со сите видови транспорт, загадувањето значително ќе се намали во централното градско подрачје, а центарот на градот ќе добие комплетно нов лик.

Овие клучни стратешки сообраќајни проекти, како што е наведено во соопштението, го решаваат сообраќајот во Скопје за следните 50 години и ја прават промената за која со години се зборува. Скопје во последните децении стана метропола со многу повеќе жители, но со минимално зголемување или инвестиции во крупни сообраќајни инфраструктурни проекти. Ваква промена на Скопје му е повеќе од потребна и таа се случува, а до 2024 Скопје станува град со решени сообраќајни проблеми.



Градоначалникот Шилегов, стои во напишаното, не ветува ниту брзи ниту лесни решенија како противкандидатите. Секој добар менаџер знае дека ниту е брзо ниту е лесно да се направи целосна модернизација на град како Скопје. Затоа, во програмата за следните четири години нудиме издржани, долгорочни решенија кои ги градиме денес, а им служат на многу идни генерации. Оние кои ветуваат брзо и лесно, никако не може да водат сериозна институција како Град Скопје, уште помалку стратешки да го развиваат градот.

Извор: temite.mk

Претходна статија

Ревакцинирани 44% од полнолетните граѓани во државата

Следна статија

(Видео) Нешков: Македонските „патриоти“ ја уништуваат иднината на сопствениот народ

Најново од Вести