ШКЕНДИЈА СИ ГО ПРИБРА НАЗАД ИГРАЧОТ ШТО ЌЕ ЈА БОЈКОТИРАШЕ МАКЕДОНИЈА!

Македонскиот шампион Шкендија после пет месеци откако си замина од Тетово, повторно се врати во редовите на првакот и црвено-црните објавија денеска дека ја обновуваат соработката со поранешниот македонски репрезентативен напаѓач, кој пред седум години се закануваше дека ќе ги бојкотира настапите за црвено-жолтите.

Фазли се враќа во Тетово откако на 10 јуни годинава ја напушти Шкендија после една сезона меѓу црвено-црните во која стигна до шампионската титула, но не се изнаигра премногу покрај Бесарт Ибраими, Изаир Емини, Марјан Радески, Стенио Жуниор, а потоа и Агим Ибраими, кој зимоска дојде во клубот.

„Среќен сум што повторно сум дел од Шкендија, а и покрај не толку добриот старт во сезоната, верувам дека можеме до шампионската титула. Тимот има квалитет, не ми треба прилагодување и подготвен сум да дадам сè за да ги оствариме целите“, вели Фазли.

Шкендија денеска објави дека Фазли веднаш може да му се стави на располагање на тренерот Ернест Ѓока и добива веднаш право за настап, зашто не бил регистриран во друг клуб во изминатиов период од неговото заминување.

Фазли во 2012 година се закануваше со бојкот на македонската фудбалска репрезентација, поради „навредливо“ навивање на навивачите на ракометното ЕП во Србија, но тогашниот селектор Џон Тошак и покрај заканите го стави на списокот.

Фазли важеше за исклучително талентиран напаѓач, кој беше дел и од холандски Херенвен, но никогаш не го покажа сиот свој потенцијал до крај. Пред повеќе од една година се врати во Македонија после цела една деценија, но и во минатата сезона во дресот на Шкендија не покажа премногу.

Извор: Спорт1