ШПИОНИТЕ КОИ ПРЕДАВАА АТОМСКИ ТАЈНИ НА СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ

Иако беa сојузниците за време на Втората светска војна, Советскиот сојуз правел напори да ги шпионира американските и британските воени и одбранбени тајни во 1940-тите. Денови по строго секретната одлука на Велика Британија во 1941 година да започнат истражувања за изградба на атомска бомба, припадник на британските тајни служби ги информирал советските власти.

Со развојот на проектот Менхетен во Соединетите држави, советскиот шпионски круг зема замав уште пред ФБИ да дознае за тајната програма. Речиси четири години откако САД ги фрли две атомски бомби во Јапонија во август 1945 година, Советскиот сојуз ја активираше својата нуклеарна програма во август 1949 година, многу порано од очекуваното.
Истрагите доведоа до смртни пресуди или големи казни затвор на повеќе од десет лица кои им ги предадоа американските нуклеарни тајни на Советите, но никој не знае колку точно руски шпиони се извлекоа. Еве неколку од оние што се познати:

Џон Кернкрос

Сметан за првиот атомски шпион, Џон Кернкрос на крајот од истрагата бил идентификуван како еден од познатата група „Петмината од Кембриџ“, високообразовани млади луѓе кои се запознале на универзитетот Кембриџ во 1930-тите, станале страсни комунисти и се претвориле во советски шпиони за време на Втората светска војна и биле активни до 50-тите години на минатиот век. Кернкрос бил секретар на претседателот на британскиот научен советодавен комитет. Во есента на 1941 година, Кернкрос добива пристап до извештај на високо ниво, со кој се потврдува можноста разработка за бомба од ураниум. Тој веднаш им ги дал овие информации на московските агенти. Во 1951 година, кога британските агенти ги затвориле другите членови на шпионскиот круг од Кембриџ, Кернкрос бил испрашуван откако во неговиот стан се пронајдени доверливи документи во неговиот ракопис во неговиот стан.

Сепак тој не бил обвинет и, според некои извештаи, бил замолен од британските власти да си поднесе оставка и да молчи. Во 1964 година, Кернкрос повторно е испрашуван и признава дека шпионирал за Русија за време на Втората светска војна. Не е уапсен и заминава за Рим каде што работи за ОН. Подоцна се сели во Франција. Неколку месеци пред да почине во 1995 Кернкрос се враќа во Англија.

Клаус Фукс

Прогласен за најважен шпион за атомските тајни во историјата, Клаус Фукс е првиот физичар на Менхетен проектот и водечки научник за нуклеарно оружје на Велика Британија до 1949 година. Само неколку недели откако Русите ја активирале својата атомска бомба во август 1949 година, декриптирана порака од Венона од 1944 година открива дека информациите со важни научни процеси поврзани со изградбата на атомската бомба биле испратени од Соединетите држави во Москва. Агентите на ФБИ го идентификувале Клаус Фукс како автор на таа порака.

Роден во Германија во 1911 година, Фукс се станува член на Комунистичката партија како студент, но бега во Англија за време на подемот на нацизмот во 1933 година. По истрагата на ФБИ, тој е осуден на 14 години затвор. Девет години подоцна, е ослободен и заминува за Источна Германија, каде ја продолжува својата работа како научник. Умира во 1988 година.

Теодор Хол

Речиси половина век Фукс важел за најважниот шпион во Лос Аламос, но тајните што Тед Хол ги открил на СССР му претходеа на предавството на Фукс и исто така беа крајно критични. Хол е генијалец, кој на 18-годишна возраст дипломира на Харвард, веќе на следната година Хол со само 19 години станува најмладиот научник во Менхетен Проектот во 1944 година. За разлика од Фукс и семејството Розенберг, тој избегнува казната за своите гревови. Хол работи на бомбата што била фрлена врз Нагасаки. Истиот тип бомба Русите го активираат во 1949 година.

Како момче, Хол бил сведок на страдањата на неговото семејство за време на Големата депресија и неговиот брат го советува да ја промени својата фамилија од Холцберг во Хол за да се избегне антисемитски напади. Суровата реалност на американскиот систем го плаши младиот Хол и по влегувањето во Харвард тој се придружува на марксистичкиот клуб „Џон Рид“. По стартот на неговиот ангажман во Лос Аламос, тој е опседнат од идејата да го спаси човештвото од уништувачката моќ на нуклеарната енергија и затоа одлучува да ги израмни силите на тоа поле. Во октомври 1944 стапува во контакт со руски агенти и ги информира за плановите на нуклеарните бомби.

Во декември 1944 година, Хол ја издава веројатно првата нуклеарна тајна од Лос Аламос. Во 1995 година Хол ја потврдува својата шпионска активност од пред пет децении.

„Ми се чинеше дека американскиот монопол е опасен и треба да се спречи. Јас не бев единствениот научник што го мислеше тоа“, вели Хол во своја заштита. Нуклеарниот научник Теодор Тед Хол умира во 1999 година на 74-годишна возраст.