Штипјанец загина по напад од сопствениот бик

/

Седумдесет и тригодишен жител на Штип усмртен од неговиот бик.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека денеска во 10.10 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека околу 9 часот во местото наречено „Плуждино” во атарот на Штип 73 годишниот Ѓ. С починал откако бил нападнат од неговиот бик.

Увид на местото извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.



Претходна статија

Татко и син најдени во стан со повреди од огнено оружје – синот починал, таткото пренесен во болница

Следна статија

Радев го свикува Советот за безбедност на Бугарија поради Ковид-19 и мигрантскиот притисок на границата со Турција

Најново од Вести