| |

ШТО ГИ ПОВРЗУВА ВАНЧО МИХАЈЛОВ, КИРО ГЛИГОРОВ, ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ И ПЕТАР КОЛЕВ?

Книгите „По трнливиот пат на македонското ослободително дело“ со автор последниот лидер на ВМРО- Иван Михајлов, „За и од Киро Глигоров“ во издаваштво на МАНУ и „Мојата македонска приказна“ на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски се најдоа на бирото на претседателот на Граѓанско демократска унија- ГДУ, Петар Колев. Што е тоа што ги поврзува спомнатите личности? Сите четворица се родени во Штип. Првите тројца веќе се запишани во историјата со својата улога за создавањето на македонската држава. Дали коцката да работи за зацврстувањето на Македонија како стабилна и правна држава од европски тип нема да се падне кај најмладиот од изброените штипјанецот Колев, останува да видиме. Лидерот на ГДУ е познат по тоа дека знае да побара мудрост од книгите, но и да внесе сопствени идеи за напредокот на својата Македонија.



Слични Објави