| |

Скаи: Грција прифаќа одвоено име со превод но бара промена на уставот

Според грчкиот медиум Скаи, грчката страна се повлекла од барањата за слеано име кое ќе биде без превод и наместо името „Горнамакедонија“ се дискутирало за предлогот „Горна Македонија“ или преведено на англиски „Upper Macedonia“. Грчката страна побарала егра омнес решение што ќе донесе промена на уставот, особено на Членот 49 кој е најважен за Грција, бидејќи во него се наведува дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив“. Преговорите, според Скаи, ќе продолжат по Велигден кога ќе има нова средба Заев-Ципрас и Коѕијас-Димитров.

Слични Објави