СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП

//

57-годишен скопјанец загина вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип. Сообраќајкат се случила во 15.35 часот кога се судриле товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот В.Б. од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот И.М. од Скопје.

„Од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција“, информираа од МВР.





Претходна статија

ЕСТОНИЈА ГО РАТИФИКУВА ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО

Следна статија

СО ФАЛСИФИКУВАНА ДИПЛОМА РАБОТЕЛ ВО АРМ И МВР

Најново од Вести