|

Скопје Синема Сити: Полски музички документарни филмови и разговор со авторот Грегор Брзозович

Филмот на Брзозович, за композиторот Станислав Сиревич не е само приказна за кариерата на еден извонреден уметник туку е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и наспроти тешките околности да успее да твори.

Во рамките на програмата на фестивалот Скопје Синема Сити, вечерва со почеток од 20.15 часот ќе бидат прикажани два музички документарни филмови од полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович. Оваа програма е дел целината „Земја во фокус“ и е реализирана во соработката со амбасадата на Полска.

Авторот Брзозович е гостин на фестивалот и по проекциите, публиката ќе има можност за Q&A сесија.

Со почеток од 20:15 часот ќе биде прикажан филмот „Пријатели на 33 вртежи“ кој ја раскажува приказната за необичното пријателство меѓу двајца графички дизајнери Рослав Сајбо и Станислав Загорски кое траело преку 60 години. Почетна точка за овој филм е изложба на повеќе од 50 корици за винили и разговорот на овие двајца уметници за годините поминати на студии на Академијата за фини уметности во Варшава, Полското школо за постери и нивните соработки со уметници како Кшиштов Комеда, Velvet Underground, Cream, The Clash, Пол Сајмон и Арт Гарфанкел.

Од 22.00 часот, ќе биде прикажан филмот за композиторот Станислав Сиревич, кој јa раскажува приказнатa за кариерата на Станислав Сиревич, извонреден филмски композитор чиешто творештво е малку познато во Полска. Роден е во советски логор. На 9-годишна возраст е прогласен за клавирско чудо, но по завршувањето на музичката академија го напушта концертирањето. Започнува студии на отсекот режија на театарската школа во Варшава и го компонира, меѓу другото, и хитот “Śpiewać każdy może”. Воениот пуч на 13 декември 1981 годинаго затекнува во Париз. За време на егзилот, соработува со Џо Кокер, Мариен Феитфул, глумицата Дајан Китон и бендот The Rolling Stones. Истовремено компонира музика за преку сто филмови во Франција, Велика Британија и САД. Сиревич соработува и со полски режисери (“Папирна брак”, “Тестостерон”, серијата “Дом над разлевiskiem”). Во 1994 година Едита Горњак го освојува второто место на Евровизијата таа година со неговата песна “To nie ja!”. Една година пред тоа, Сиревич јадобива престижната награда Ace Award. Еден ден после гала вечерта треба да започне преговори за работа во Холивуд. Ноќта, во Лос Анџелес, се случува силен земетрес. Се враќа во Лондон, каде што го започнува најплодниот уметнички период во кариерата. На премиерите на филмовите со неговата музика се гости принцот Чарлс, принцезата Дајана и кралицата Елизабета II. Неговите плочи се издаваат ширум светот, а саундтракот за серијата “The Choir” стигнува до третото место меѓу најпопуларните изданија во Велика Британија.

Филмот на Брзозович не е само приказна за кариерата на извонреден уметник туку е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и наспроти тешките околности да успее да твори.

Сите проекции на Скопје Синема Сити се случуваат во Кинотека на Македонија. Помеѓу овие два филма, гостинот Брзозович ќе има разговор со публиката. Главен покровител на оваа вечер е амбасадата на Полска во Македонија.

Да потсетиме дека на отворањето на фестивалот со видео обраќање, публиката ја поздрави годинешниот лауреат, големиот Прајснер.

Слични Објави