СКОПЈЕ1: БОКИ 13 СЕ ОБЛАЖИЛ СО 1. 200 000 ДЕНАРИ ОД ОПШТИНА ОХРИД

КОМЕНТАРИ

Телевизијата 1 ТВ чиј сопственик е Бојан Јованоски барала од општина Охрид три милиони денари за услуги кои сакале да ги дадат на градот Охрид во 2019 година.

Ваквиот договор никогаш не се реализирал и не дошло до исплата, а најмногу кон тоа Охрид да се спаси од ова придонело тоа што во градот се одржаа предвремени избори за избор на нов градоначалник.

По изборите обидите да се постигне договор со општината продолжиле, но Константин Георгиески категорично го одбил барањето на Бојан Јованоски, на кого овој пат директно му било кажано дека нема законска можност за такви милионски исплати за измислени проекти.

Во 2018 година на 1ТВ од касата на општината и биле исплатени 1.200.000 денари.

КОЈ ВРШЕЛ ПРИТИСОК ДА СЕ ДАВААТ ПАРИ НА БОКИ 13 ?

Останува отворено прашањето под чиј притисок општината исплатила пари на телевизијата на Боки 13 во 2018 година? Неофицијално ургенциите доаѓале од страна на високо позиционирани функционери во СДСМ, кои по изборите во 2019 година прекинале да ургираат кај новиот градоначалник бидејќи најпрво беше најавена партиската „метла“, а потоа беа и поменетени од „метлата“, а во колумните на Бранко Героски лицето кое барало пари за Боки се именува како „Кики“.

Со овие пари немал никаква поврзаност Зоран Милески Кичеец кој се терети за поврзаност со изнудите во случајот „Империја“ кои се во милиони евра.

Извор: Скопје1