Slavorum: Орце Камчев е најбогатиот Македонец

//

Според податоците на порталот “Slavorum”, најбогат човек во Македонија е Орце Камчев, сопственик на “Орка Холдинг”, со 238 милиони долари вредно богатство. Во Хрватска, според податоците на овој портал, најбогато е хрватско-чилеанското семејство Лукшиќ, со нето вредност од 15 милијарди долари Во Србија, најбогат е Филип Цептер. Иако не живее во Србија, има српско државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари. Црногорскиот државјанин Таксин Шинаватра, поранешен премиер на Тајланд, кој живее и работи во Црна Гора има имот од 1,78 милијарди долари. Најбогати луѓе во Босна и Херцеговина се Кенан и Дамир Хастор, кои ги наследиле “Prevent” и Asa Group” од својот татко Нијаз – тие располагаат со богатство од 412 милиони долари.

 



Претходна статија

Привршува откупот на тутунот во Прилеп

Следна статија

M-р Александар Попоски: Владеење на правото и правна држава е основниот принцип за кој ќе се залага ГДУ

Најново од Вести