СЛОБОДАТА Е ПРЕМНОГУ СКАПА ЗА ДА ЈА ПОДАРИШ НЕКОМУ

Имаме мозок. Глава. Способност да мислиме и размислуваме.

Развојот на пријатели ни овозможи избор. Демократијата ни дава слобода.

Но ние лесно отфрламе се.

Како да сакаме да бидеме ограничени. Обликувани. Врзани. Нечии, а се помалку свои.

Знам многу жени кои со својата гордост самите на себе си додаваат епитет на жена. Ништо не е лошо да сакате маж, но лошо е се друго што сте биле и што можете да бидете, да исчезне бидејќи сте госпоѓа таа и таа, поради тоа и тоа.

Постои и онаа друга категорија, каде жените гордо зборуваат што нивните сопрузи им забрануваат. Жена која не смее да излезе на кафе со пријателките, која не смее да каже дека има пријател.
Таква жена мисли дека е посакувана и вредна ако некој и забранува, бидејќи ако ти забранува тоа е луд знак дека му значиш.

Мајка ми последен пат ми забранила нешто кога живеев под нејзин кров и додека беше одговорна за мене. Дури и тогаш се борев за својата слобода, не прифаќав ништо што ми се наметнуваше како императив и се трудев да создадам свој свет.

Никогаш не помислував да ја подарам својата слобода на некој маж и да му дадам за право да управува со неа. Никогаш не сум сакала да бидам декларативно нечија жена. Сум сакала да бидам цел свет. Имав желба да засакам некој и никогаш да не отидам на друго место. Таа љубов да биде слобода за мене, а не затвор. Не ограничување.

Кој има право да ви кажува што да облечете и кога? Кој може да ви кажува со кого ќе пиете кафе? Кој има право да ви кажува кога ќе одите некаде и каде? Кој има право како возрасна жена нешто да ти забранува?

Нема никој. Има право само да биде покрај вас таква каква што сте, или да продолжи со животот без вас.

Затоа што, знаеш, слободата е премногу скапа за да ја отфрлиме толку лесно.