Словачка: Задолжителен карантин за оние кои влегуваат во земјата, а не се вакцинирани против Ковид-19

/

Задолжителна двонеделна самоизолација е воведена денеска за оние кои влегуваат во Словачка и кои не се вакцинирани против коронавирусот. Ова важи и за членовите на семејствата на локалните граѓани кои не ги придружувале во странство, објави словачката ТВ ТА-3.
По петтиот ден, самоизолацијата може да се прекине предвреме откако ќе биде направен негативен тест на Ковид-19.
Слободно влегување во земјата е дозволено само за вакцинирани лица кои приложиле документ на англиски јазик, преведен на словачки или чешки јазик. За нив се означени специјални ленти на граничните пунктови.
При транзитен премин, автомобилите кои влегуваат во земјата мора да ја напуштат најдоцна за осум часа, а можат да застанат само за полнење гориво.



Претходна статија

Приведено 21-годишно лице – расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”

Следна статија

Комисијата за заразни болести на состанок неделава ќе разговара за евентуални рестрикции на границите

Најново од Вести