Словенците бесни: Им плаќате на ЕХФ, а тие нас нѐ крадат!

/

Словенците дерман не видоа од судиите на ова Европско ракометно првенство, а за да биде иронијата поголема, еден од шесте главни спонзори на ЕХФ е – словенечки Горење. Медиумите од оваа земја веќе излегоа со наслови „Горење плаќа, а ЕХФ нè ограбува“ и побараа поддршка од компанијата.

Медиумите во Словенија се обратија до Горење за став, дури и за потенцијална реакција кон ЕХФ за драмата која ја доживуваат, меѓутоа од Горење не потрчале во прегратка на ракометарите, туку се држеле до она што има економска смисла.



„Уверени сме дека сите спортисти, поради одрекувањата, напорната работа и мисија, ја заслужуваат нашата и вашата поддршка. Ќе продолжиме да ги славиме победите со нив и да ги поддржуваме во најтешките порази, бидејќи ги имаме истите вредности и истиот спортски дух“, им се обратил „Горење“ на медиумите. (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

Одлуката за азил на Грујевски и Бошковски одложена на неодредено време

Следна статија

МРТВ ГИ ПОНИШТУВА КОНКУРСИТЕ НА КОИ РИСТО БОМБАТА ДОБИ 36.000 ЕВРА, А ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ 12.000

Најново од Вести