СО КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВОДОЛИЈАТА МОЖЕ ДА ИМА „ЖЕШКА“ ЉУБОВ?

Со хороскопскиот знак Водолија управува Уран. Претставниците на овој знак се љубезни, љубопитни и обично не сакаат да привлекуваат внимание кон себе. Со кои 3 хороскопски знаци можат да имаат силна љубов, видете во следните редови:

Водолија и Близнаци
Сексуалниот живот на овие две лица, може да биде навистина возбудлив. Сексот во кој што се вклучени и „валкани“ зборови е вообичаена практика кога се во комбинација лица од овие два знака.

Спалната соба лесно се ослободува од сите ограничувања. Она што исто така ги возбудува е и интелектуалната страна на врската. Ниту Близнаците ниту Водолијата не би имале љубовна врска со глупав партнер.

Дури и случајната сексуална средба треба да биде со некој со доволна смисла за хумор. Каде би имале секс? Каде и да им се чини интересно, возбудливо, различно. Нема ограничување на нивната слобода на изразување. Сепак, нивната врска може да биде лишена од емоции.

Водолија и Лав
Лавот секогаш е опкружен со светлина, а Водолијата сака сè што сјае. Во една врска, двата лика сакаат да се покажат во најдобро светло за да другиот не може да ги засени.

Тие можат да ја продлабочат својата врска ако можат да се поддржат едни со други. Иако можат да најдат разбирање едни со други, обично кога се разделуваат, тие сфаќаат колку малку знаеле за партнерот/ката и дека немале меѓусебна доверба.

Нивниот сексуален живот е неверојатно искуство за обајцата. Би биле среќни да ја проучуваат нивната сексуалност, пристапувајќи со голема доверба.

Водолија и Стрелец
Водолијата делува на начин на кој Стрелецот размислува, а тоа е голема предност во нивниот сексуален живот. Привлечноста помеѓу двата хороскопски знака може да биде силна. Сексот може да биде забавен затоа што и Водолијата и Стрелецот сакаат да научат нови работи и да експериментираат.

Иако нивната сексуална врска може да биде многу задоволувачка, може да се појават проблеми при создавањето на интимност. Партнерот Стрелец ќе донесе доволно топлина во врската, но варијабилноста на овој знак ќе овозможи полесно да се сврти фокусот кон нешто друго.

Кога ќе најдат заеднички интереси, тие стануваат бесконечен извор на нови теми, информации, па дури и може да ја променат својата филозофија за животот. На моменти, нема да недостасува и интелектуален спаринг, но сепак тоа е нешто што ја прави нивната врска толку возбудлива.