Со сертификат во кафеани, затворени молови, а од 1-ви септември и за влез и излез од државата

/

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

– медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.



За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Воедно, од денеска во затворени молови, обложувалници и казина ќе бидепотребен сертификат за примена вакцина, негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид 19. Претходно, како што е познато беше донесена одлука за исти правила за влез во угостителски објекти. Од министерството за здравство велат дека одлуките кои ги донесе Владата не важат за лица под 18 години.

Претходна статија

Политичкиот лидер на Талибанците синоќа пристигна во Авганистан – дали тој ќе биде идниот претседател ?

Следна статија

Проф. Топалов: Белград го кочи влезот на РС Македонија во ЕУ

Најново од Вести