Со Влатко Стефановски почнува циклус на филмски уредници-гости во Кинотеката
Кинотеката на Македонија овој месец го воведува филмскиот циклус „Уредник со причина“ во кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови по личен избор ќе биде Влатко Стефановски.
По негов избор вечерва ќе биде прикажан „Париз, Тексас“ на Вим Вендерс (1984), утре вечер е македонскиот „Мирно лето“ на Димитрие Османли (1961) , а в среда ќе се прикаже „Големата убавина“ на режисерот Паоло Сорентино (2013).
По проекцијата на „Големата убавина“ Влатко Стефановски ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата.
„Програмата ќе претставува филмска селекција која го потенцира персоналниот аспект на доживувањето на едно филмско дело и секој месец една јавна личност ќе има можност и слобода да биде ‘филмски уредник’, соопштуваат одКинотеката на Македонија, од каде додаваат дека како еден од најпознатите и најуспешни македонски музичари со сестран опус разбирливо е што селекцијата на Стефановски се состои од филмови со моќна музичка подлога.