Солен ролат

/

Состојки:
За тестото:
4 јајца
2 лажици павлака
4 лажици брашно
1 пакетче прашок за пециво
1 прстофат сол

Фил:
200 гр. сирење
150 гр. павлака
180 гр. шунка

Подготовка:
Извадете ги белките од јајцата и со помош на миксер измешајте ги со солта се до добивање на цврста смеса.

Одделно измешајте ги жолчките со павлаката и додадете ги брашното и прашокот за пециво. На крај додадете ги белките и убаво измешајте со силиконска лажица. Ставете ја смесата во тава која сте ја обложиле со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Откако тестото ќе биде готово , превртете го на влажна крпа и полека извадете ја хартијата. Потоа со помош на крпата завртете го тестото како ролат. Оставете го така да постои околу 10 минути.



Сирењето изрендајте го, шунката исечете ја на мали коцки и потоа ставете ги во павлаката. Измешајте убаво. Исправете го тестото и рамномерно нанесете го филот. Потоа повторно со помош на крпа завртете ролат. Откако ќе биде готов ставете го ролатот во фрижидерот да се стегне. Исечете го на парчиња со големина каква што вие сакате.

На здравје!

 

Претходна статија

Маска од мед и јогурт за лице против акни

Следна статија

20 фантастични трикови кои сигурно ќе ви бидат од голема корист (ВИДЕО)

Најново од Магазин