Солени мафини со маслинки, сирење и домати

/

Состојки:
– 2 јајца
– 350 гр. брашно
– 300 мл. јогурт
– 1 филџан масло
– 100 гр. обескостени маслинки
– 100 гр. сирење
– 1 домат
– 1/2 лажичка прашок за пециво

Подготовка:
Во сад измешајте ги јајцата а потоа додадете ги јогуртот и маслото. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете го брашното кое претходно сте го измешале со прашакот за пециво.
Измешајте убаво па потоа додадете ги маслинките, сирењето и доматите кои претходно сте ги исекле на ситни коцки. Смесата ставете ја во калап за правење мафини. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути.



На здравје!

Претходна статија

IRON MAIDEN во Бугарија!

Следна статија

5 трендови на накит за 2018 година

Најново од Магазин