СОЛШЕР СООПШТИ МНОГУ ЛОШИ ВЕСТИ ЗА СИТУАЦИЈАТА СО ПОЛ ПОГБА

Пол Погба е надвор од терените поред повреда, а нема да може да им помогне на своите соиграчи уште извесно време.

По триумфот од 3-1 вчера на гостувањето кај Норич, менаџерот Оле Гунар Солшер даде коментар и за ситуацијата со Пол Погба. Норвежанецот најави дека фудбалерот од средниот ред сигурно ќе биде надвор од терените и цел месец ноември и можеби ќе се врати во декември.

„Нема да го видиме сигурно до декември. Потребно му е малку повеќе време да заздрави и ќе биде надвор од терените одредено време. Не верувам дека ќе се врати до натпреварот со Шефилд, но ќе видиме какава ќе биде ситуацијата по интернационалната пауза“, изјави Солшер.



Погба има незгодна повреда на скочниот зглоб.

Извор: Спорт1



Претходна статија

АДЕМИ: АКО НЕ МИ ЈА НАМАЛЕА СУСПЕНЗИЈАТА, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖЕВ СО ФУДБАЛОТ!

Следна статија

НЕРВОЗНИОТ РИБЕРИ ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНА СУДИЈАТА: ГО ЧЕКА СУСПЕНЗИЈА

Најново од Спорт