Сончево со мала до умерена облачност и ветер

/

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус три до пет, а максималните ќе достигнат од седум до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температуро ќе се спуштат до нула, а максималните ќе достигнат до 12 степени.

Во сабота ќе преовладува претежно облачно време, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.





Претходна статија

Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања го продолжува состанокот

Следна статија

Заедничка вежба на македонските и бугарските специјални полициски единици „ХАРПУН 2022”

Најново од Вести