|

Сончево со умерена, а наместа и значителна облачност

Утрово најниска температура од -4 степени е измерена во Берово и Попова Шапка, -2 во Струмица, -1 степен во Скопје-Петровец, Штип и Маврови Анови, 0 степени се измерени во Тетово, Битола, Виница и Kрушево, 1 степен во Крива Паланка, Прилеп и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 3 во Охрид, 6 во Дојран, 7 степени биле измерени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка до 7 часот изутрина е 40 сантиметри на Маврови Анови, 30 сантиметри на Попова Шапка, 22 сантиметри во Крушево, 21 во Пожаране, 15 на Ѓуриште, 2 сантиметри снег се измерени во Берово.

Во текот на ноќта било претежно облачно, утрово сончево со умерена, а наместа и значителна облачност.

Денеска се очекува сончево време со мала до умерена, а во западните делови зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност преку денот и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови. Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.

Слични Објави