Сончево со умерена локална облачност и слаб ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој од пладневните часови ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.