СООБРАЌАЈКА ВО КАТЛАНОВО: ПОВРЕДЕНИ НЕКОЛКУ ЛИЦА, ПОМЕЃУ КОИ И МАЛОЛЕТНИЦИ

//

Вчера околу 11.55 часот на автопатот Скопје-Велес, во атар на село Катланово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(32) од Велес, патничко возило „Ауди“ со германски национални ознаки, управувано од С.Ј.(41) од СР Германија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, запрено од С.Б.(44) село Сопиште, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.С.Е.(40) и малолетник,сопатници во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле С.Ј. и малолетник од истото возило. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Со телесни повреди, исто така се здобиле Р.И.(59) од Велес, Х.И.Д.(38) од Велес и две деца, сопатници во возилото „Алфа Ромео“. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.



Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна статија

РИКЕР ДО ОПОЗИЦИЈАТА: НЕМАТЕ ВРЕМЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ИГРИ

Следна статија

АЛБАНЦИ СО КОКАИН ФАТЕНИ НА ПАТОТ ДЕБАР – МАВРОВИ АНОВИ

Најново од Вести