СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ – ЕДНО ЛИЦЕ ИТНО ПРЕНЕСЕНО НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ

Вести Истакнато Македонија

Вчера во 15.00 часот на крстосницата на улиците „Слога“, „Киро Крстев“ и „Димче Мирчев“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Д.Р.(72) и мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од Б.О.(34), двајцата од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош од Кавадарци е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.