|

Состојбата со пожарите во Пехчево и Делчево и натаму алармантна

Пожарите во пехчевско-делчевскиот регион кој е проширен и кон беровско и натаму е еден од најкритичните . Таму за гасењето на огромниот пожар се уште дејствуваат авиони бидејќи загрозени се неколку села а огнот се префрла и кон планинските сртови на планината Голак. Борбата со огнената стихија дополнително може да се искомплицира поради ветрот од 70 километри на час, кој за денеска се најавува.

-Активен е пожарот се уше во Делчево и тој е третиран заедно со Пехчево како еден од најголемите пожари на кои што треба исклучително да им се посвети внимание во текот на денов. Следниот пожар е во беровско, село Умлена, се работи за пожар кој што е составен дел на пехчевскиот и делчевскиот пожар и во прашање се селото Мачево и Робово, информираат од ЦУК.

Гори и во Богословец во светиниколско и штипско, потоа во Прилепски реон, каде има неколку пожари кои се уште се активни, но се под контрола и таму се испратени дополнителни сили на Армијата. Состојбата во кумановско и натаму е критична. Вчера таму имало 8 активни пожари, од кои 7 биле изгасени но се уште е ризично во Бељаковце.

За гасење на огнената стихија и денеска ќе бидат вклучени и хеликоптерите и тоа еден во Кумановско и уште три во пехчевско-делчевскиот реон, но доколку дојде до влошување на временските услови тие ќе бидат повлечени. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ќе бара ЕВН да преземат се што е потребно за да не доаѓа до искрење на некои од електричните кабли, за кои се претпоставува дека се и еден од причинителите на некои од пожарите.

Извор: zoom.mk



Слични Објави