СОВЕТОТ НА АМБАСАДОРИ „ВЛЕЧЕ“ ПОЛИТИЧКИ УШИ ЗАРАДИ ПОПУЛИЗАМ

Советот на амбасадори во соопштение до јавноста се спротивстави на настапите на поедини партиски челници со популистички изјави и услови во предвечерјето на официјални разговори за идната коалициона влада и предупредува дека недемократски тези можат повторно да ги забават процесите и да го отежнат стартот на преговорите со ЕУ.

Советот на aмбасадори и сугерира на идната влада со големо внимание да ги анализира забелешките на ОБСЕ-ОДИХР изнесени во заедничкиот став на Високиот претставник за надворешни работи на Унијата Жозеф Борел и Комесарот за проширување на Унијата Варлехеј и благовремено да се посвети на изработка на нова законска регулатива во која ќе бидат вградени сите забелешки кои ќе овозможат организирање на фер и демократски наредни локални избори.