|

Спасовски смета дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, Ковачевски треба да избере нови луѓе

Министерот Оливер Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, и дека се потребни нови луѓе со нови визии.

Ова Спасовски го кажа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, додавајќи дека Ковачевски треба да направи избор од нови луѓе кои ќе му бидат блиски соработници.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја презема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.

ТВ21: Значи ли ова дека нема да бидете дел од новото раководство на СДСМ…

„Јас го кажав како став, што сметам јас. Дека треба можеби нови луѓе, луѓе кои се граделе низ структурите на партијата, луѓе кои имаат една поинаква визија, а ние ќе бидеме тука да направиме еден чекор на растењето на СДСМ“, рече Спасовски.

Извор: zoom.mk



Слични Објави