СПЕРАНЦА: ИТАЛИЈА ГИ БЕЛЕЖИ ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА ЗАБАВУВАЊЕ НА РАСТОТ НА ЗАРАЗАТА

– Во Италија деновиве се забележуваат првите знаци на забавување на вртоглавиот раст на инфекциите со Ковид-19, но ситуацијата и натаму е многу сериозна, а приливот на нови пациенти во болниците е се уште голем и мерките за ограничување што се во сила не можат да се ублажат, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца. Бројот на нови случаи на инфекција во последните 24 часа е речиси 6. 000 помалку од претходниот ден, вкупниот број на заразени изнесува 28.337, а бројот на смртни случаи е намален, или вкупно 562, што е за сто помалку од претходниот ден. Владиниот научен и технички комитет, тело што ја следи и анализира епидемиолошката состојба, предупредува дека третиот бран на пандемијата од Ковид-19 може да ја погоди Италија во јануари. -Ние сме подобро подготвени да се бориме против инфекцијата отколку во март, но не смееме да го намалиме нашето внимание на кој било начин, бидејќи тоа може да биде катастрофално, изјави министерот Сперанца за ТВ РАИ, одговарајќи на шпекулациите дека владата може да ублажи некои од ограничувањата што сега се во сила.

loading...



loading...