СРБИЈА: ОД СИНОЌА 14 НОВОЗАРАЗЕНИ ЛИЦА СО КОРОНАВИРУС

//

Во Србија се регистрирани 149 потврдени случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.Од последниот извештај синоќа до 8 часот изутринава, тестирани се примероци од 38 лица, од кои 14 се позитивни.

Од тие 14 потврдени случаи, девет се хоспитализирани, но без компликации, се во добра општа состојба, додека пет имаат полесна клиничка слика и се дома. Досега, вкупно 624 лица се тестирани во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак.

Премиерката Ана Брнабиќ синоќа објави дека во Србија е забележан првиот смртен случај предизвикан од вирусот. Во земјата е на сила вонредна состојба.



Извор: Макфакс

Претходна статија

НБА ДАДЕ ДОЗВОЛА: КЛУБОВИТЕ МОЖЕ ДА ЈА НАМАЛАТ ИЛИ „ЗАМРЗНАТ“ ПЛАТАТА НА КОШАРКАРИТЕ

Следна статија

ХРАБАР ИЛИ ЛУД ПОТЕГ НА НАПОЛИ: ЕЛМАС И СОИГРАЧИТЕ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА СТАРТУВААТ СО ТРЕНИНЗИ!

Најново од Вести