|

Средба Ахмети-Мичел: На земјата и треба одржлива стабилност и решавање на проблемите

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари средба со директорот на НДИ, Дерек Мичел.

Двајцата соговорници разговарале за политичката состојба во земјата, додека Ахмети истакнал дека на земјата и е потребна стабилност, безбедност, европска перспектива и дека на Република Северна Македонија не и се потребни непотребни грижи и отстапување од европската агенда. Оставката на премиерот Заев, Ахмети ја оценил како избрзана и дека ги загрозува важните процеси во државата.

Како што соопштија од ДУИ, во однос на локалните избори, Мичел му честитал на Ахмети за одржаниот изборен процес во земјата оценувајќи го како мирен и демократски, притоа честитајќи му за постигнатиот успех.

Тема на разговор на оваа средба била и соработката со ДУИ и континуираната поддршка што и се дава и на државата.

-Директорот на НДИ, Мичел му се заблагодарил на Ахмети за помошта што ја дава во процесот за престојот на авганистанските државјани во земјата, оквалификувајќи го како висок хуман гест. НДИ, и помогна на земјата да ги спроведе реформите во различни области, помогна во развојот на политичките партии и владеењето на правото во земјата, се вели во соопштението од ДУИ.

Ахмети, пак, му се заблагодарил на Мичел за големата поддршка што ја дава на ДУИ и на Собранието на Република Северна Македонија.

Извор: zoom.mk



Слични Објави