| |

Средба Иванов-Радев во Дојран

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Дојран ќе оствари средба со неговиот бугарски колега Румен Радев, кој ќе престојува во работна посета на државата. Претседателот Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе престојува во возвратна официјална посета на Република Бугарија. Бугарскиот претседател Радев, денеска во Ново Село ќе присуствува на комеморативна церемонија на бугарските воени гробишта, по повод 6 мај Денот на храброста и бугарската армија.  На одбележувањето во Ново Село е најавено присуството и на поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, како и на претставници на Бугарската православна црква. Според организаторот, Фондацијата „Бугарска памет“ на доктор Милен Врабевски, одбележувањето на Денот на храброста-6 Мај е добар пример за празнична прослава во духот на добрососедскиот дијалог и солидарноста меѓу Бугарија и Македонија и во перспективата на заедничката европска иднина. Бугарските воени гробишта во Ново Село се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртните останки на 71 бугарски војници.

Слични Објави