Средба Мицкоски-Јанша: Македонија мора да оствари реален напредок, да престане праксата на гол популизам на владата

//

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по посетата на Вашингтон, САД ја продолжи својата интензивна дипломатска активност отпочнувајќи неколкудневна агенда на посети на Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија. Во текот на вчерашниот ден претседателот Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски остварија средба со поранешниот премиер и сега лидер на словенечката опозиција и претседател на СДС Јанез Јанша. На средбата во Љубљана се разговараше за повеќе актуелни теми, врзани за можностите за меѓу партиска соработка, актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата врзани со членството во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека државата економски стагнира, а граѓаните секој ден живеат полошо. Остануваат проблемите поврзани со недостатокот на демократскиот капацитет на власта за сто најдобар пример е политичкиот терор врз неистомислениците кој мора веднаш да престане.

Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области. Потребно е ангажирање на севкупните капацитети за остварување на реален напредок кој мора да биде вреднуван и од кој највекје корист ќе имаат самите граѓани, посочи Мицкоски.



Соговорниците позитивно ги оценија меѓупартиските односи, и изразија подготвеност за нивно дополнително интензивирање во периодот кој престои.

Лидерот на СДС Јанша даде подрска на ВМРО-ДПМНЕ и изрази надеж дека државата сто побрзо ќе оствари конечен напредок во однос на нејзините евроатлански интеграции, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Продолжува потрагата по жртвите од авионската несреќа кај Москва

Следна статија

Српскиот претседател Александар Вучиќ во официјална посета на Хрватска

Најново од Вести