СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН

//

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан, со чија денешна работна посета на Република Македонија започнува скрининг процесот со Европската комисија за утврдување на нивото на усогласеност на домашното со законодавството на ЕУ.

Претседателот Џафери истакна дека со Одлуката на Советот на Европската Унија за отворање на патот за отпочнување преговори во јуни 2019 година, земјите членки испратија јасен сигнал дека ги вреднуваат напорите на Република Македонија вложени во реформи и во градење на добрососедските односи. Тој потенцираше дека Собранието е целосно посветено на продолжување и продлабочување на сегашниот реформски импулс за да испорача понатамошни видливи резултати.

Комесарот Хан го поздрави постигнатиот напредок, ја повтори силната поддршка на меѓународната заедница на патот на Република Македонија кон евроатланска интеграција и ја нагласи клучната улога на Собранието во процесот на усогласување на законодавството.

Двајцата соговорници заклучија дека во наредниот период ќе биде потребно фокусирање на исполнување на обврските во сите клучни области.





Претходна статија

ОТВОРАЊЕ СПОМЕН СОБА НА КИРО ГЛИГОРОВ

Следна статија

ЗАЕВ И ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН: ПОРТИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ ЗА ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗЕМЈАТА

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,