Средба Пендаровски-Ескобар, состојбата во регионот главна тема

/

За билатералните односи меѓу Македонија и САД и за состојбите во регионот денаска разговарале претседателот на државата Стево Пендаровски и заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Во соопштението од Кабинетот на Пендаровски се наведува дека тој оценил оти двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изразил уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика. Претседателот ја истакнал и
важноста на поддршката што земјата ја добива од САД во остварувањето на стратешките цели.

„Во однос на аспирациите за членство во Европската унија, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и развојот на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката на американската администрација, и лично на заменикот помошник државен секретар Ескобар, во однос на потребата за напредокот на земјите од регионот кон ЕУ“, стои во соопштението.

Ескобар освен со Пендаровски денеска ќе се сретен и со други функционери, соопшти вчера Американската амбасада во Скопје.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Османи: ДУИ нема ништо против за бројот на ресори кои ги доби Алтернатива

Следна статија

Поранешен министер: Директорот на МЕПСО прв се побуни, Заев веднаш неслучајно позицијата ја даде на Алтернатива

Најново од Вести